Жестока расправа на Комисијата за европски прашања за Изборниот законик. Пратениците од владејачките партии и опозицијата на собрансиката Комисија за европски прашања денеска изнесоа различни ставови дали амандманската расправа за Изборниот законик почнала или не.
Претседеталот на Комисјата Артан Груби рече дека со повлекување на првиот амандман од технички причини од страна на Данев, расправата е почната. За Данев тоа не е така и побара тоа да се потврди од стенограмите.
Висок тон имаше и меѓу пратениците Петар Атанасов од СДСМ и Невена Стаменкова од ВМРО-ДПМНЕ.
Атанасов рече дека единствената мисија на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски е амнестија на криминалот на нивната партија и судбината на Никола Груевски.
– СДСМ како одговорна и државотворна партија има обврска да ја обезбеди идината на Македонија. Никој не смее и нема да им го ускрати правото на реферндум на граѓаните слободно да одлучуваат за својата иднина. Им се допаѓало тоа или не на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија нема да остане заложник на нивниот криминал. Граѓаните ќе го кажат последниот збор на референдум – ќе кажат да за европската иднина иднина и влез во ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека Договоорт ја носи Македонија напред, но, нив ги интересира само личен интерес и амнестија и затоа се трудат да ја лажат јавноста, рече Атанасов.
Тој посочи дека целта на измените на Изборниот закон е да се одблокира политичкиот процес во РМ.
– Доста сме заложници на една забегана политичка групација. Зошто колегите од ВМРО-ДПМНЕ не сакаат политички дијалог, зошто не сакаат расправа по овој закон, рече Атанасов и побара да се одблокира процесот.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Стаменковска рече дека на СДСМ им се брза да се избере ДИК, а нему да стане заменик-министер за образоваание.
– Но, жално е вие да бидете човекот кој ќе носи образовани програми за идните генерации во Македонија… Ние сме тие кои што се обидуваат да ја зачуваат унитарноста на РМ. Нашето име да остане Република Македонија. Не нарекувате предавници, но предавници се оние кои се обидуваат да го сменат името на Македонија, рече Стаменковска и побара законот да се води од, според нив, надлежната комисија.
По ова претседателот на Комисијата Груби даде пауза до 16 часот.