ВИДЕО Загрмија лимени буриња во Охрид, протест против бетонизација на крајбрежјето

by fokus

Со перики, маски, транспаренти и голема бучава, активистите и граѓаните на Охрид денеска протестираа против градежната узурпација на охридското крајбрежје.

Мирниот протест е организиран од Охрид SOS и здружението „Стар Лагадин“ и поддржан од Go green – Биди зелен, Фронт 21/42 и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н.

Охриѓани и сите кои го сакате Охрид! ГЛАСНО ПРОТИВ ДЕВАСТИРАЊЕ НА КРАЈБРЕЖЈЕТО НА КОЕ ПОРАСНАВМЕ!

Publiée par Panda Zografska Belichanec sur Mardi 31 juillet 2018

Демонстрантите направија протестна поворка со попатни застанувања кај Горица, Св. Стефан и Студенчишко Блато, па сѐ до Општина Охрид.

Со тропањето по лимени буриња од камион во движење, тие го привлекоа вниманието на туристите.

Протестот започна пред градилиштето на спорниот хотел во Лагадин. Како што велат активистите, на овој начин сакаат да го привлечат вниманието на институциите и на јавноста кон сериозната опасност Охрид да го загуби статусот светско наследство на УНЕСКО поради уништувањето на крајбрежјето и езерото со хиперурбанизација и развивање масовен туризам, во услови на нефунционален и нецелосен колекторски ситем.

„Да не дозволиме бетонизацијата на охридското крајбрежје да продолжи!
Да не дозволиме охридскиот регион да го изгуби статусот на Светско наследство на УНЕСКО! Да не дозволиме хотелот-монструм во Лагадин да се изгради како симбол на самоволието на поединци за кои важи само законот на парите и регионот сè повеќе да се оддалечува од можноста за одржлив развој во кој благодатта ќе ја уживаат сите!
Дојдете да си ги вратиме езерото и крајбрежјето назад!“, повикаат претходно организаторите.

Преку овој протест, граѓаните бараат од Општина Охрид итно да се заложи за прогласување на мораториум според препораката на УНЕСКО, како и да се заложи за поништување на Општиот акт за с. Лагадин најмалку преку стопирање на сите издадени дозволи за градење и стопирање на издавање нови и преку известување на Уставниот суд за својата заложба.

Поврзани новости