382
Против 31-годишната М.Р. од Полска, која престојувала во Куманово, полицијата поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Од полицијата соопштија дека на 10 мај годинава полициски службеници извршиле претрес во домот каде живеела пријавената, при што пронашле и одзеле марихуна, мешавина од тутун и марихуана и повеќе предмети со остатоци од марихуана.