Димитров добил уверување од грчката влада дека работата со Преспанскиот договор ќе биде завршена

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, разговарал со алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, по изјавата на грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, кој утринава им соопшти на медиумите дека ја напушта владината коалиција поради националното прашање за името Македонија.

-Имав кратка кореспонденција со мојот колега Катругалос и добив уверување дека грчката влада останува силно посветена согласно националните интереси на Грција, да ја заврши работат со Преспанскиот договор. Мислам дека покорисно е да упатуваме порака дека е време двете држави кои се соседи и споделуват заеднички интереси да го направат овој исчекор кон блиско стратешко пријателство – рече Димитров.

Поврзани новости