Џафери, Мухиќ и Мисовски на распит во Обвинителство за изборот на претседател на Собранието

by fokus

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска беше на распит во обвинителството. Распитот е по повод кривичната пријава поднесена од битолско граѓанско здружение, кое што тврди дека Џафери бил нелегитимно избран за претседател на Собранието.

-Како секој граѓанин на Република Македонија така и јас се одзвав на поканата да дадам исказ. Не е мој опсег на размислување, здружението може да каже што сака – изјави Џафери.

На распит се појавија и пратениците Ферид Мухиќ и Горан Мисовски. По излегувањето од Обвинителство, Мисовски изјави за медиумите дека Џафери бил избран за претседател по легален пат и дека зад здружението стои една политичка партија.

Инаку, кривичната пријава е поднесена против сите пратеници кои гласаа за изборот на Џафери.

Поврзани новости