Тимот на СЈО нуди соработка во истрагата за „рекетот“

by fokus

Обвинителката Ленче Ристеска во име на обвинителскиот и истражителниот тим на СЈО денеска одржа прес конференција на која испрати апел до сите кои биле засегнати, како што рече, од криминални активности да го пријават тоа. Таа се придружи на повикот што вечера го испрати јавниот обвинител, Љубомир Јовески.

-Уверуваме дека како обвинителски тим и како вработени постапуваме согласно законските прописи и сме се труделе да бидеме на ниво на задачата. Стоиме зад работата што сме ја завршиле до сега, сите постаки за кои имаме обвинителни акти не се доведени во прашање, нашето постапување било во рамки на законските прописи – рече Ристевска.

Таа додаде дека внимателно се следат случувањата, откако вчера беше покрената истрага во која, според неофицијални информации, е вмешана и шефицата на СЈО, Катица Јанева. Ристевска рече дека од покренување на истрагата не се слушнала со Јанева.

-Во однос на актуелните случувања изразуваме загриженост. Сакам да испратам апел да се почитува начелото на презумпција на невиност, се придржуваме на повикот на јавниот обвинител секое лице засегнато од криминалитет, ваквите активности да ги пријави, а истражните органи ваквите акти да ги истражат. Отворени сме за сорботка со колегите, тука сме да ги размениме информациите – додаде Ристевска.

Поврзани новости