Драма на „Париска“: Прободен 20-годишник, тврдел дека тројца во фантомки му упаднале во стан

by fokus

20-годишно момче со иницијали В.Д. се здобило со убодна рана во својот стан на улица „Париска“. Според неофицијални информации наводно во неговиот стан синоќа по полноќ упаднале три лица со фантомки на главата кои го држеле цело утро во заложништво.

При излегување од станот, наводно, еден од нив со остар предмет му нанел убодна рана.

Пред да го напуштат станот упаѓачите извршиле и кражба. Украле лап топ, мобилен телефон и пари.

На „Париска“ попладнево имаше полициски службеници и возило на Брза помош.

Како што дознава „Фокус“ повредениот В.Д. е пренесен во Ургентниот центар.

 

Поврзани новости