Доживотен затвор и се заканува на скопјанката која си ја задави својата мајка

by fokus

Поднесено е обвинение и продолжена и е мерката притвор на 46-годишната скопјанка која помеѓу 1 и 2 август годинава ја уби сопствената мајка. Грозоморното убиство се случи во семејната куќа во Тафталиџе кога ќерката ја лишила од живот својата 74-годишна мајка со насилно задушување. Подоцна таа сама се пријави во полициска станица во Карпош.

Мотив за убиството била меѓусебна расправија поради финансиски средства, навела 46-годишната скопјанка.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт во кој ќерката се товари за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За ова кривично дело на обвинетата и се заканува затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.

Мерката притвор и е определена поради постоење страв дека ќе се даде во бегство или дека ќе влијае врз сведоци и ќе се обиде да ги уништи трагите од кривичното дело.

Поврзани новости