Димовски: Не е прв пат Влада да забега, во Македонија тоа се случува како по традиција

by fokus

Референцата ФИРОМ е привремена и се користи за нам да можат да ни се обраќаат, додека Република Северна Македонија е трајно име со кое и ние ќе се обраќаме сами на себе, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на вториот ден од собраниската расправа по Предлогот за пристапување кон уставните измени.

Димовски и денеска аргументираше зошто не треба да се отвора Уставот. Според него, пратениците немаат легитимитет да го менуваат името. Легитимитет, рече, имаат само граѓаните затоа што на нив им припаѓа власта.

-Не е прв пат Влада да забега, тоа во Македонија се случува како по традиција – рече тој.

-Тезите дека пратениците имаат право да одлучуваат во име на граѓаните е симптом на отуѓување. Власта не ми припаѓа на мене, на мојата колешка, на Заев или на Џафери, туку на граѓаните. Тие на избори не избраа ниту еден пратеник кој вети дека ќе го промени името на државата во Уставот, граѓаните на референдум не гласаа за поддршка на промена на името. Власта и суверенитетот им припаѓа на граѓаните, додека не го научиме тоа ќе ни се повторуваат грешките од минатото – рече Димовски.

Поврзани новости