Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по пристигнувањето на бугарската делегација која е во посета на земјава, ја тагна на својот фејсбук профил министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева и напиша статус каде зборува за суштината на пријателството.
„Пријател е оној кој го разбира твоето минато, верува во твојата иднина и те прифаќа баш таков каков што си. Токму оваа мудрост, применета и од македонска и од бугарска страна, со трпение и зрелост, ќе не’ носи напред. Да најдеме разбирање за минатото, да работиме на иднината и да се прифатиме какви сме и кои сме во сегашноста. Градењето вистинско пријателство е макотрпен, но исклучително благороден процес. Ако одиме по тој пат, историјата ќе ни се насмевнува“, напиша Димитров.