Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за France 24 ТВ, за време на неговата посета во Париз, го правдаше Законот за амнестија кој деновиве треба да влезе во собраниска процедура. На прашање на новинарката дали со таквиот закон ќе продолжи праксата на неказнивост во Македнија, Димитров вели дека ќе се направи дистинкција, така што нема да им биде понудена амнестија на организаторите на упадот и на насилниците.
France 24 ТВ: Во врска со ова, вашата влада неодамна се согласи на амнестија на затвореници – договор со опозицијата во Македонија за да се добие поддршка за договорот за промена на името – која вклучува амнестија за опозициски пратеници што во април насилно влегоа во македонскиот парламент. Очигледно на вашата влада ѝ е важно да го комплетира договорот за промена на името, да се доближи до членство во ЕУ, но активисти велат дека ова е опасен преседан и ја продолжува културата на неказнивост. Дали може да се каже дека во одредена смисла си скокате во уста и можеби ја докажувате загриженоста за владеењето на правото?
МНР ДИМИТРОВ: Ова е тежок баланс меѓу два важни принципа. Едниот од нив е принципот на отчетност. Нашата влада всушност произлезе од жедта за правда по скандалот со прислушувањето што разоткри распространети злоупотреби на службените должности. Оттука, нашето основно ветување, во суштина, е отчетност. Сега, соочени сме и со предизвикот на длабоката политичка поларзизација во државта, делумно како резултат на оваа криза. Како можеме да работиме и на двете? Мислам дека сè додека политичарите не одат преку судството за политички работи, така што постои јасна и транспарентна разлика меѓу тоа што го прават судиите и јавните обвинители и тоа што го прават политичарите, постигнувањето на вистинската рамнотежа…
FRANCE 24: Но прифаќате дека одите по жица, дека владата се отвора за критики?
МНР ДИМИТРОВ: Линијата е навистина тенка и мислам дека нема да им се понуди амнестија на организаторите на нападот на парламентот или на оние што учествувале во насилството, туку на оние што, веројатно – допрва ќе го видиме нацрт-законот – што биле дел од толпата, ако може така да се каже. Но на одреден начин, мислам дека најдоброто што можеме да го направиме е мудра комбинација од вештината на можното и принципите што се навистина важни, а отчетноста веројатно е прва на тој список.