Девојка опремена со две пушки и пиштол уби три ученици и тројца возрасни во приватно христијанско училиште во главниот град на Тенеси, Нешвил утринава. Ова е последно од многуте масовни убиства во училишта во оваа држава.
Осомничената почина веднаш потоа откако беше застрелана од полицијата. Од полицијата соопштија дека се работи за 28-годишна девојка од Нешвил. Првично од таму рекоа дека изгледала како тинејџерка. Се уште се работи на нејзина идентификација и дали била поврзана со училиштето.
Трагедијата се одвивала околу 14 минути. Повикот за пукање во училиштето полицијата го добила во 10.13 часот по локално време, додека осомничената била застрела аво 10.27 часот.
Училиштето каде се одвиваше пукотницата брои околу 200 ученици од предшколска возраст до шесто одделение.