Не знам дали е доделен азил или не, знам дека постапките за азил траат прилично долго во Унгарија, освен ако не спровеле екстра брза постапка, изјави министерката за правда, Рената Дескоска, откако унгарските медиуми соопштија дека на осудениот екс премиер, Никола Груевски, му е одобрено барањето за политички азил.
-Има примери, да не биде изненадена јавноста, за некои, не само по неколку месеци, кога девет месеци се решавало по постапка за азил. Јавноста знае дека секогаш постапката за азил е приоритетна во однос на постапката за екстрадиција. Ние ќе си го доставиме барањето за екстрадиција, тоа е изготвено, дел од маеријалите се преведени, станува збор за обемна документација. Во нашето барање ќе бидат опфатени не само пресудата за „Тенк“ сите обвиненија кои постојат, сите истражни и предистражни постапки, кои ќе бидат основ утре ако се екстрадира да може да се гони – вели Дескоска.