Околу четриесет навивачи и играчи на Беса од Челопек тргнале да ги линчуваат судиите во општинската лига на Тетово на гостувањето во Брвеница кај Вардар, но брза реакција на полицијата спречила поголем хаос и физички напад врз арбитрите и делегатот објави МВР.
„Вчера (09.04.2023) во СВР Тетово пријавено е дека во текот на второто полувреме од првенствениот фудбалски натпревар помеѓу екипите на Вардар од Брвеница и Беса од Челопек, незадоволни од донесената судиска одлука, четириесетина навивачи и резервни играчи на Беса влегле на теренот и се обиделе физички да се пресметаат со судиите и делегатот на натпреварот. Со интервенција на полициските службеници на СВР Тетово, тие биле спречени во намерата, но продолжиле да се однесуваат агресивно, по што натпреварот е прекинат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за санкционирање на инволвираните“, стои во полицискиот билтен.