Дали Република Македонија ја најмува компанијата да работи за државава или е обратно, компанијата ја најмува Македонија да и заврши некаква работа, прашува Владимир Божиновски од Институтот за политички истржаувања во врска со новите контроверзии околу договорот што Владата го потпиша со конзорциумот „Бејтел и Енка“.
-Ако сакаш нешто да направи некој ги кажуваш условите и водиш сметка да бидат заштитени твоите граѓани, не можеш да правиш вакви отстапи и да прекршуваш основни слободи, права и од аспект на граѓански и од аспект на економски права – рече Божиновски во дебатата Само вистина на Канал 5.
Според Божиновски, коридорите ќе чинат далку над договорената сума бидејќи конзорциумот ќе биде ослободен од многу давачки.
-Му дваш одврзани раце на инвеститорот што сака да прави, ако си најде под трасата минерални сровини може да ги експлоатира, тоа си е негово право. Сите автомобили, возила, гориво, ќе бидат ослободени од акцизи, од ДДВ. Цената не е таа што ја прикажаа, туку многу поголема – рече Божиновски и праша зошто е договор таен и зошто не им е даден на пратениците на увид.