392
СВР Тетово поднесе кривична пријава против триесетгодишна жителка на струшкото село Горно Татеши поради основано сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Таа на 17 септември годинава на социјалните мрежи Фејбук и Инстаграм креирала лажни профили на име на 36-годишниот С.З. од тетовско село, со кого претходно била во љубовна врска, по што на нив објавувала компромитирачки фотографии.