Лидерските средби на Христијан Мицковски и Зоран Заев служат единствено за замајување на јавноста кога на сите во Македонија им е јасно дека Мицковски и Заев се контролирани и купени од ист странски центар, велат од партијата „Единствена Македонија“ на Јанко Бачев по синоќешната средба на лидерите на двете најголеми политички партии.
„Лагите на странските марионети Заев и Мицковски повеќе не поминуваат оти Заев како опозиционер се силеше дека ако стане премиер ќе расчисти со грабежот од 5,5, милијарди евра на власта на ВМРО-ДПМНЕ или како што велеше Заев сликовито: „уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5,5, милијарди евра„.
Наместо враќање на украденото, марионетата Заев тргна по стапките на претходната власт на ДПМНЕ и прво што направи си зема лиценца за производсттво на дрога, бизнис вреден околу 100 милионин евра“, соопштија од „Единствена Македонија“.
Од таму порачуваат дека јавноста се изнагледала обвиненија и додаваат дека и сите обвинети од поранешната власт да завршат во затвор, како што велат, сепак треба да се вратат „украдените 5,5 милијарди“.
„За волја на вистината, во случајот на една обвинета новинарка која се товари за даночно затајување сепак ќе дојде до одземање на нелегално стекнатото бидејќи, ќе мора да го врати затаениот данок при купувањето на нејзините гаќи. И толку од украдените 5,5, милијарди евра. На големиот христијански празник Прочка како празник за прочистување и очистување на гревовите, единствена добра работа на вечерашната т.н. лидерска средба меѓу Мицковски и Заев е доколку и простат на Ивона за затаениот данок за гаќите во услови кога 5,5, милијарди евра украдени пари остануваат опростени и заборавени“, стои во соопштението.