Бачев: Дали и ние треба да ја забраниме „Канал 5“ кога ќе дојдеме на власт?

by fokus

Изразувам изненаденост од забраната за гостување во иднина на телевизија Канал 5 само затоа што во емисијата „Само вистина“ ги бранев највисоките национални и државни интереси, вели претседателот на партијата „Единствена Македонија“ откако телевизија одлучи да забрани негово гостување во емисиите поради синоќешниот говор на омраза што Бачев го искажа кон европски функционери и кон албанската етничка заедница.

Бачев ја обвинува Канал 5 за лаги, навреди и политички дискредитации кон него. Тој додава дека телевизија покажува сервилност кон власта и кон, како што вели, одредени западни странски центри на моќ.

„Јас не искористив никаков момент оти поводот не беше мое самоиницијативно произнесување, ТУКУ, РЕАКЦИЈА/РЕПЛИКА на кажаното од мојот соговорник кој на крајот на емисијата во омаловажувачка конотација ги спомна земјите од Евроазиската унија и групата БРИКС во кои живее половината од светското население на што му реплицирав дека иднината е во тие земји, а тој може да продолжи со пе**рите од западните земји, кои, гледај чудо самите и еден куп други од западот велат дека се со поинаква сексуална ориентација, а Канал 5 е згрозен од вистината“, вели тој.

Според него со забраната телевизијата извршила дискриминација врз него по политичка основа.

„Канал 5 е приватна телевизија, но, со дејност од јавен интерес и во таков случај нема уставна и законска основа за забрана спрема било кого. Канал 5 може да се огради, да тужи ако е наклеветена или навредена и слично, но, нема право да изрекува забрана како јавен сервис. Во својата политичка кариера сум имал многу поводи за судска заштита на моите права, но, за мене е несвојствено да „плачам“ по судови како многумина наши политичари. Само ќе поставам принципелно прашање, ако Канал 5 противуставно и противзаконито ми става забрана што значи тешка дискриминација, дали тоа значи дека новата легална власт на Единствена Македонија која се навестува и доаѓа, треба да ја забрани Телевизија Канал 5!?“, прашува Бачев.

 

Поврзани новости