Архитектите ја поздравуваат одлуката на Владата новиот Клинички центар да се гради на друга локација

by fokus

Асоцијацијата на архитекти на Македонија ја поздравува одлуката на Владата со која конечно се разреши дилемата околу изградбата на новиот клинички центар.

„Изразуваме целосна поддршка за определбата на Владата новиот Клинички центар да се гради на друга локација, надвор од центарот на Скопје, што беше заложба на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, како и на неколку генерации врвни архитекти пред нас, кои се залагале за изградба на еден, нов модерен клинички центар по сите светски стандарди. Како Асоцијација на архитекти на Македонија го изразуваме нашето задоволство што при донесувањето на ваквата одлука на Владата беа земени предвид и мислењата и сугестиите на стручната јавност. Се надеваме дека оваа соработка при носењето на важни одлуки за унапредување на урбаниот простор на Република Македонија ќе продолжи и во иднина“, велат од ААМ.

Поврзани новости