Антикорупциска комисија се уште не го добила договорот што Владата го потпиша со конзорциумот „Бехтел и Енка“. Членовите на оваа Комисија имаат безбедносни сертификати и треба да им биде дозволен увид во договорот иако дел е од класифицирана природа.
Од Комисијата реагираа претходно зошто прво се склучува договор кој предвидува законски измени, а потоа законите се ставаат во собраниска процедура каде парламентот треба да се произнесе за нив. Од таму велат дека транспарентно треба да биде трошењето на секој денар на даночните обврзници.
Од Владата не одговараат зошто се уште не го доставиле договорот до антикорупционерите. Премиерот денеска ги препрати новинарите одговори да бараат од управувачкиот комитет предводен од вицепремиерот, Артан Груби.