Потполно е мирна ситуацијата на езерото и ходроелектраната Газивода во Косово, пренесе Б92. Сепак во околината се приметува зголемено присуство на припадници на КФОР.
Новинари од терен известуваат дека виделе до сега девет возила на американскиот контигент, а четири од нив стојат пред самата хидроелектрана.
Сепак луѓе кои работат во „Газивода“ велат дека се зачудени од интересот на медиумите и се смејат на шпекулациите дека преку ноќта имало обид за упад во хидроелектраната.
Претходно приштинските медиуми објавија дека Србите од северот на Косово денеска ќе прогласат автономија, додека белградските медиуми пишуваат дека Албанците ќе се обидат да ја заземат хидроцентралата „Газивода“.
Агенцијата ДПА јави дека силите КФОР денеска ги блокирале приодите кон браната „Газивода“. Се работи за вежба, изјавија војниците за српската телевизија РТС.
Фото: Танјуг