Управата за јавни приходи предвидела дел од манипулациите кои можат да се случат со спроведување на проектот „Мој ДДВ“, каде граѓаните ќе добиваат поврат на ДДВ-то така што ќе ги скенираат сметките со своите паметни телефони.
-УЈП при креирање на самиот проект обрна посебно внимание да нема манипулации. Не можеме да гарантираме доколку фискалната сметка граѓаните ја предадат или ја остават и не го искористат своето право. Имаше прашања што доколку при издавање на фискалните сметки келнерот претходно ја скенира, начинот на разрешување е исто како да добиете невалидна сметка со повеќе искуцани артикли. Значи треба да се скенира сметката. Доколку видите дека вашата сметка е искористена, треба да побарате сторнирање на сметката и издавање на нова – изјави Ивана Дончевска од УЈП за ТВ21.
Во УЈП има поставено бар код скенери кои што можат да прочитаат сметка која е оштетена, а која одреден телефон не може да ја прочита.
Апликацијата се уште не може да се симне на ајфоните затоа што УЈП бара одобрение од „Епл“.