19-годишник од Куманово под истрага за трговија со марихуана и амфетамин

by fokus
Основното јавно обвинителство Куманово отвори постапка против 19-годишно момче од Куманово, кое е осомничено дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
„Осомничениот 19-годишен жител на Куманово во својот дом неовластено заради продажба држел наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 305,91 грам и амфетамин со нето маса од 4,29 грама. Дрогата била пронајдена на 6 јуни при претрес на домот, скриена во близина на звучник од музички систем во неговата соба. При претресот биле пронајдени и дигитална вага и дрвена дробилка“, информираа од кумановското обвинителство.
Ценејќи дека се исполнети сите основи, Основното јавно обвинителство Куманово до Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување мерка притвор за 19-годишникот. Судијата на претходна постапка го прифати ваквиот предлог и на лицето му определи притвор во траење од 30 дена.

Поврзани новости