Ерменија објави примирје со Азербејџан со посредство на Русија

by Fokus

Ерменија вечерва објави дека со Азербејџан е договорено примирје со „посредство” на Русија, по целодневниот конфликт меѓу армиите на двете земји во близина на спорната област на Нагорно-Карабах.

 Со посредство на руската страна е постигнат договор за прекин на престрелките на источната граница на Ерменија од 18.30 часот (15.30 часот по средноевропско време), соопшти ерменското Министерство за одбрана.

Министерството додаде дека ситуацијата е релативно стабилизирана и додаде дека во денешните судири загинал еден ерменски војник.

Поврзани новости