Ерик Џорџ е нов амбасадор на САД во БиХ

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп во Сенатот ја упати номинацијата на Ерик Џорџ за амбасадор на САД во БиХ, соопшти денеска Белата куќа.

„Ерик Џорџ Нелсон од Тексас, кариерен член на повеќе служби за надворешни работи, со титула министер советник треба да биде вонреден и ополномоштен амбасадор на САД во Босна и Херцеговина“, се наведува во објавата на Белата куќа.

Сите именувања на амбасадори треба да бидат потврдени од Сенатот, од што зависи и датумот кога новиот американски амбасадор ќе пристигне во БиХ. Се до потврдата на Сенатот, на функцијата амбасадорка во таа земја ќе остане Морин Кормак.

Нелсон во моментов ја извршува функцијата заменик извршен секретар и директор на Извршната канцеларија на Извршниот секретаријат во рамки на Стејт департментот. Служел во голем број дипломатски мисии на САД, а течно зборува шпански, германски и италијански јазик.

Поврзани новости