Турција ќе побара од Шведска и Финска да екстрадираат 33 членови на движењето ПКК и Фето, кои ги смета за терористи, најави министерот за правда Бекир Боздаг.
Барањето доаѓа еден ден по потпишувањето на меморандумот меѓу трите земји, што го отвора патот за Хелсинки и Стокхолм кон членство во НАТО.
-Како дел од новиот договор, ќе побараме од Финска да екстрадира шест членови на ПКК и шест членови на Фето, а од Шведска да екстрадира десет членови на Фето и единаесет членови на ПКК – рече турскиот министер.
Вчера. пред отворањето на самитот на НАТО во Мадрид, Ердоган неколкучасовни се сретна со финскиот колега Саули Ниинисто и шведската премиерка Магдалена Андерсон.
Турција го блокираше влезот на двете земји во НАТО, обвинувајќи ги за засолниште на милитантите на двете движења.
На крајот на средбата во Мадрид беше презентиран меморандум на три земји со кој се отвора пат за проширување на Алијансата.