Ердоган во 1 по полноќ до приврзаниците: Некој е во кујната, ние сме на балконот!

by Fokus

Актуелниот претседател на Турција Реџеп Таип Ердоган рано утринава во 1 часот по полноќ им се обрати на своите приврзаници од балконот на седиштето на неговата партија АКП во Анкара.

Својот говор го започна со зборовите „Некој е во кујната, а ние на балконот“, мислејќи на неговиот главен противкандидат Кемал Киличдароглу, кој за време на изборната кампања објавуваше видеа од неговата скромна кујна.

„Иако се уште не се пристигнати конечните резултати, значително водиме. Се уште не ги знаеме конечните официјални резултати, чекаме да се изјасни волјата на нашата нација. Додека ги чекаме резултатите, решив да држете го традиционалниот говор однапред од балконот“, рече Ердоган.

Ердоган иако не успеа да победи во првиот круг од изборите, тој сепак верува дека ќе биде победник во вториот круг.

„Нашата нација одлучи. Не ни требаат нови изговори. Ќе ја видиме волјата на нашата нација кога ќе ги видиме конечните резултати“, рече тој.

Ердоган ги повика претставниците на неговата партија да продолжат да го следат пребројувањето на преостанатите гласови.

„Не знаеме дали изборите се решени во првиот круг. Има уште гласови за пребројување“, рече Ердоган во моментот кога беа пребројани нешто повеќе од 90 отсто од гласачките ливчиња.

Резултатите врз основа на 95,83 отсто од преброените гласови покажуваат дека актуелниот шеф на државата добил 49,47 отсто од гласовите.

Главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу освои 44,82 отсто, пренесува Хуриет.

 

Поврзани новости