Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган вети дека ќе продолжи со спасувачките напори и брзата реконструкција на уништените згради, повеќе од една седмица по разорниот земјотрес што ја погоди неговата земја и соседна Сирија.
Бројот на загинати во двете земји надмина 41.000, а преживеаните кои останаа без домови се справуваат со зимските температури.
– Ќе продолжиме да работиме додека не го најдеме последниот граѓанин што остана под срушените згради“, рече Ердоган доцна синоќа, по состанокот на владата одржан во седиштето на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Проценката на штетите на неколку десетици илјади уништени објекти ќе биде завршена за една седмица, а реконструкцијата ќе започне за неколку месеци, тврди турскиот претседател.
– Ќе ги обновиме сите куќи и работни места, уништени или непогодни за живеење поради земјотресот и ќе ги предадеме на нивните вистински сопственици, додаде тој.
Над 105.000 луѓе се повредени во земјотресот, а повеќе од 13.000 се уште се во болници, рече Ердоган