453
Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека вечерва ќе разговара со својот руски колега Владимир Путин и оти дискусијата ќе биде фокусирана на Украина, јави Анадолија.
Ердоган се обрати на митинг во Анкара, а во таа прилика зборуваше за енергетската криза и Украина.
Кога станува збор за енергетската ситуација, Ердоган рече дека Турција релативно лесно влезе во турбулентниот период со проекти за гасоводи кои гарантираат безбедност во снабдувањето со енергија, склучени договори, складишта за течен природен гас и дупчење и истражувачки активности во Црното Море и Источен Медитеран.
– Вечерва ќе разговарам со господинот Путин и ќе имаме можност да разговараме за прашањето за Украина, рече Ердоган.