Ердоган: Турција се подготвува да го прогласи Израел за „воен злосторник“

by Fokus

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќање на масовниот пропалестински собир во Истанбул изјави дека неговата земја се подготвува да го прогласи Израел за „воен злосторник“ поради воените акции во Газа.

Во своето обраќање пред стотици илјади луѓе кои дојдоа на протестот, Ердоган рече дека и западните земји имаат одговорност за смртта која се сее во Газа затоа што не сториле ништо за да ги запрат нападите на Израел.

Ердоган, чија влада неодамна ги обнови целосните дипломатски врски со Израел, ја засили својата критика кон земјата.

Претходно оваа недела, тој тврдеше дека милитантната група Хамас не е терористичка организација.

Поврзани новости