Ердоган: Турција размислува за купување руски авиони

by fokus

Турција разговара со Русија за купување воени авиони „Сухој“, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој рече дека надлежните министерства на двете земји почнале со преговори по демонстрацијата на авионите Су-57 на аеромитингот МАКС 2019 во Русија.

– Ако Америка продолжи да се однесува како до сега, ние ќе се погрижиме за себе. Така што ќе избереме меѓу Су-35 или Ф-35, Су-57 или нешто друго, истакна Ердоган.

Поврзани новости