142
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Анкара е подготвена да ја преземе улогата на посредник и домаќин на мировните преговори меѓу Киев и Москва.
Ердоган нагласи дека Турција прави интензивни напори да го „запре крвопролевањето“ и во Украина и на палестинските територии и да обезбеди траен мир, пишува Хабертурк.
„Подготвени сме да ја преземеме улогата на преговарач за да обезбедиме мир во Украина. Важно е коридорот за жито да биде реструктуиран и оперативен и за таа цел продолжуваме со дипломатските контакти“, рече турскиот претседател.
Тој оцени дека во Украина треба што поскоро да се постигне прекин на огнот и да се отвори вратата за мир.