Ердоган: Турција е еден од епицентрите на „мировната дипломатија“

by Fokus

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Турција не е само извор на стабилност во нејзиниот регион, туку и еден од епицентрите на „мировната дипломатија“.

Ердоган на состанокот на неговата парламентарна група Партијата на правдата и развојот (АКП) рече дека регионот на Блискиот Исток минува низ тежок процес на тензии и војни, како и другите различни делови од светот, нагласувајќи дека Турција се обидува да придонесе за мирот и правдата надвор од нејзините граници, јавува Anadolu.

„Како Турција, работиме на воспоставување клима на мир која обезбедува доверба и мир на сите страни на светот, особено на угнетените земји“, рече Ердоган.

Поврзани новости