Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави за Newsweek дека Турција не планира да зазема страна во конфликтот меѓу Украина и Русија.
– Ние нема да бидеме страна во таа војна – рече тој, коментирајќи ја дискусијата во НАТО за тоа дали инструкторите и војниците на западната воена алијанса можат да одат во Украина.
Newsweek објави дека турскиот лидер е скептичен во однос на стратегијата на сојузниците во НАТО за обезбедување поголема воена помош за Украина.
Идејата за испраќање западни копнени трупи во Украина почна да циркулира откако францускиот претседател Емануел Макрон на крајот на февруари рече дека околу дваесет западни земји кои учествуваа на состанокот во Париз за понатамошна помош за Киев разговарале за ова прашање.
Весникот „Монд“ подоцна објави дека францускиот претседател Емануел Макрон планира да создаде коалиција на ЕУ за испраќање воени инструктори во Украина.