Ердоган се закани со репресија на медиумите кои ги прекршуваат неговите вредности

by fokus

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска им се закани на турските медиуми со репресија доколку шират содржина која ги нарушува основните вредности на земјата, што може да биде вовед во дополнителна цензура.

Во соопштението објавено во Службениот весник, тој истакна дека се потребни мерки за заштита на националната култура на Турција и спречување на штетниот развој на децата изложени на штетни содржини од сите пишани, аудио и визуелни медиуми.

Ердоган не ја прецизираше содржината, но рече дека ќе бидат преземени правни мерки против отворените или прикриени активности преку медиумите кои имаат за цел да ги поткопаат националните и моралните вредности и да ги нарушат семејните и општествените структури.

Турскиот претседател е на власт речиси 20 години и често ги критикува медиумски содржини што не се согласно конзервативните исламски вредности за кои се залага неговата Партија за правда и развој.

Во изминатите години, Турција, исто така, започна со зголемен медиумски надзор, со околу 90 отсто од големите медиуми кои се во сопственост на државата или се блиски до власта.

Поврзани новости