Ердоган се уште сака да посредува меѓу Русија и Украина

by Фокус

Турција и натаму е подготвена да организира и спроведе мировна средба на врвот меѓу Русија и Украина, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по разговорот со неговиот украински колега Володимир Зеленски во Истанбул, јавија турските медиуми.

-За жал, нашата дипломатска иницијатива преземена во 2022 година во Истанбул не даде резултати. Војната меѓу Украина и Русија треба да заврши со преговори. Подготвени сме да одржиме мировна средба на врвот на која ќе учествува и Русија – рече Ердоган.

Ердоган и Зеленски денеска се сретнаа во Истанбул.

-Ние детално разговаравме за прашањата поврзани со војната. Во рамките на нашето стратешко партнерство, ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина, нејзиниот територијален интегритет. Подготвени сме да и помогнеме за нејзино обновување. Разговаравме и за безбедносната ситуација во Црното Море и договорите за жито, кои во голема мера придонесуваат за безбедноста на храната и овозможија да се испорачаат милиони тони жито до земјите кои имаа потреба – рече Ердоган.

Поврзани новости