Ердоган се сретна со Зеленски, го чека и Путин: Украина може во НАТО!

by Фокус

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по средбата со неговиот украински колега Володимир Зеленски во Истанбул, изрази поддршка за членство на Украина во НАТО.

Притоа, тој порача дека и Украина и Русија, со кои негува блиски односи, треба да се вратат на преговорачка маса за изнаоѓање на политичко решение на војната.

Ердоган објави дека Путин ќе отпатува во посета на Турција во текот на август, но не откри датум. Една од темите на разговор, како што истакна, ќе биде размената на заробеници меѓу Украина и Русија.

Ердоган и Зеленски разговараа и за иднината на т.н. Црноморска иницијатива за извоз на жито. Договорот беше постигна во јули лани под покривителство на Обединетите Нации и Турција со важност до 17 јули оваа година.

Додека Русија не гледа причини за негово продолжување, турскиот претседател, сепак, изрази оптимизам во спротивното, односно негово продолжување за, барем, уште три месеци.

Посетата на Зеленски на Турција е во рамки на неговата европска турнеја за поддршка за членство на Украина на НАТО по завршување на војната со Русија во пресрет на претстојниот Самит на лидерите на Алијансата во Вилнус на 11 и 12 јули.

Поврзани новости