Ердоган се сомнева на тероризам

by Fokus

Засега нема информации за тоа кој е одговорен за нападот, но првичните согледувања и информации од терен, според изјавата на турскиот претседател, укажуваат дека некоја жена имала улога во настанот
Се молам за браќата што загинаа во бомбашкиот напад на улицата „Истиклал“ кој се случи денеска во 16:20 часот, а на повредените им посакувам брзо закрепнување, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во првата негова изјава по експлозијата што попладнево одекна на познатата шопинг улица кај плоштадот Таксим.

Ердоган рече дека би било погрешно со сигурност да се каже дека станува збор за тероризам, но првите информации укажуваат дека ова „мириса на тероризам“.

„Нашиот народ да биде сигурен дека одговорните за ова на улицата ’Истиклал‘ ќе бидат адекватно казнети“, дециден е Ердоган.

Поврзани новости