Ердоган примил и трета доза против ковид

by Фокус

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган примил трета доза од вакцини против ковид-19, во период кога граѓани чекаат и повеќе од 12 недели за ревакцинација поради недостиг на вакцини, јавува британскиот дневен весник Тајмс.

Ердоган првата доза на кинеската вакцина Синовак ја прими на 14 јануари, меѓу првите луѓе во Турција кои се вакцинираа. Тој се ревакцинираше на 11 февруари, а на 10 март прими уште една вакцина, но не е познато дали Синовак или Фајзер.

Тој е првиот лидер во светот кој признал дека примил три дози вакцина против Ковид-19. Ердоган тврди дека третата доза ја примил за да провери дали има антитела.

Поврзани новости