Ердоган повторно со закани за Грција

by Fokus

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган денеска повторно и се закани на Грција со воен одговор „доколку продолжат провокациите“, како што беше неодамна случај кога турските воени авиони биле цел на противвоздушно оружје додека летаа над спорните острови во Егејското Море.

– Ако имаат острови и воени бази и одредени претензии кои се нелегални и се закани за нас, еден ден ќе го изгубиме трпението. Кога ќе го изгубиме, сè може да се случи, одговори Ердоган на прес-конференција во Сараево на прашањето за најновиот спор со Грција.

Поврзани новости