На крајот, Анадолија ќе биде цел на Израел со неговите заблуди за ветената земја, изјави денеска турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и додаде дека Турција ќе го поддржи Хамас, кој се бори за независност на Палестина и ја брани линијата на фронтот на Анадолија.
Ердоган во турскиот парламент рече дека дури и ако човештвото го остави Израел на мира, Турција никогаш нема да го стори тоа и ќе ги натера да платат за нивните злосторства, јавува агенцијата Анадолија.
– Светот мора да ја види реалноста и повеќе не може да молчи за геноцидот во Газа – посочи тој.
Ердоган нагласи дека со прекршувањето на Повелбата на Обединетите нации, Израел го провоцира светот.
– Кои мислат дека се тие? Мора да се направи се за да се запре терористичката држава Израел – рече тој и изјави дека наскоро сите Палестинци ќе се вратат во својата татковина и во своите домови.
– Како што покажува историјата, сите извршители на геноцидот ќе го дочекаат својот крај и крајот на касапот на Газа (Бенјамин) Нетанјаху – нагласи Ердоган.