Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира да го предложи својот план за ставање крај на војната на состанокот на лидерите на Г-20 во Рио де Жанеиро, пишува Блумберг, наведувајќи дека Ердоган ќе му предложи Зеленски да се согласи да ги одложи разговорите за влез во НАТО за најмалку 10 години како отстапка кон Русија.
Турскиот план предвидува создавање на демилитаризирана зона во Донбас, а како што дознава Блумберг, Ердоган предлага да се вети испорака на оружје за Украина како компензација за согласноста да не влезе во НАТО.
-Турските власти признаваат дека на Украина би и било тешко да прифати таква понуда, но сметаат дека тоа е најреалниот пристап. Тие ќе се обидат да ги одложат дискусиите за долгорочната судбина на окупираните територии со цел да се фокусираат прво на обезбедување стабилен прекин на огнот – наведува Блумберг.
Ердоган наводно има разузнавачки информации дека Украина би можела да изгуби многу повеќе територии во следните неколку месеци доколку борбите не престанат, според добро информирани, неименувани турски извори, кои велат дека турскиот лидер се надева да го убеди Зеленски да учествува на мировните преговори во Истанбул.