Денеска уште еднаш победи дeмократијата. Победија 77 милиони луѓе и 81. провинција, денеска новата Турција, поголемата Турција победи и стана пионер. Но, не само Турција, денеска победи и Багдад, Исламабад, Кабул, Бејрут, Сараево, Скопје. Денеска, Дамаск, Халеб, Хомс, Рамалах, Триполи, Газа и Ерусалим победија, ова вчера вечерта го порачал Реџеп Таип Ердоган во својот прв говор по претседателските избори во Турција на кои според неофицијалните резултати токму тој е победникот.
Вчера во Турција се одржаа првите непосредни претседателски избори на кои според речиси сите изборјани гласови Ердоган победил со 52 отсто од гласовите, наспроти 38 отсто на главниот ривал Екмеледин Инсаноглу. Тоа значи досегашниот турски премиер ја однесе победата уште во првиот круг. Ердоган ја водеше турската влада од 2003 годинa.