Ердоган: Палењето на Куранот е одвратно, нема да попуштиме на провокациите

by Fokus

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го опиша чинот на палењето на Куранот во Шведска како „одвратен“. Тој додаде дека Анкара нема да попушти пред заканите и провокациите.

Шведската полиција им дозволи на демонстрантите да запалат копија од Куранот во близина на главната џамија во Стокхолм на 28 јуни, на празникот Курбан Бајрам.

„Непријателите на исламот и на човештвото се обидуваат да го затемнат расположението со провокации заштитени од полицијата. Еден од нив е грозоморниот напад во Шведска. Оние кои го дозволуваат тоа и оние кои го одобруваат овој одвратен чин нема да можат да ги остварат своите амбиции. Нема да попуштиме пред политичките провокации и закани“, рече денеска Ердоган во видео порака до членовите на партијата, пренесува РИА Новости.

Инаку, вчера околу 200 набљудувачи беа сведоци како еден од двајцата демонстранти кинеше страници од Куранот и со нив си ги избриша чевлите пред да ја запали верската книга, додека другиот зборуваше на мегафон.

Истовремено, на верскиот празник Курбан Бајрам, џамијата во Стокхолм ја посетуваат околу 10.000 муслимани.

Некои од присутните извикуваа „Господ е голем“ на арапски во знак на протест поради палењето, а еден маж беше приведен од полицијата откако се обиде да фрли камен кон антиисламистите.

Поврзани новости