Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска во Белград предупреди дека Русија не треба да се потценува и ја критикуваше политиката на Западот на поттикнување, која не може да доведе до решение, јави дописникот на МИА од Белград.
На новинарско прашање на прес-конференција со претседателот Александар Вучиќ, за тоа кој е виновен за тешката ситуација во Европа и како може да се надмине таа ситуација, Ердоган рече дека Турција секогаш водела избалансирана политика кон Русија и Украина и дека така ќе продолжи.
-Не морам да споменувам никакви имиња, но има неколку земји на Запад за кои мислиме дека нивниот пристап не е исправен. Тие водат политика заснована на поттикнување. Кога водите политика на провокација, не можете да постигнете резултати, објасни Ердоган.