Ердоган обвинува дека Шведска и Финска одбиваат да екстрадираат околу 130 терористи во Турција

by Fokus

Шведска и Финска одбија да екстрадираат околу 130 терористи во Турција, изјави во неделата турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Им кажавме на Шведска и Финска: за да ви биде одобрено членството во НАТО, треба да ни предадете околу 130 терористи. За жал, тоа не беше сторено“, рече Ердоган.

Тој истакна дека Шведска конкретно одбила да го екстрадира новинарот Булент Кенес, кој беше осуден на затвор во Турција.

Портпаролот на турскиот претседател Ердоган , Ибрахим Калин неодамна изјави дека напредокот за членството на Шведска во НАТО е невозможен додека Стокхолм не стави крај на терористите кои дејствуваат во земјата.

Шведскиот амбасадор во Анкара беше повикан во турското Министерство за надворешни работи, каде што му беше врачен остар протест против пропагандата на забранетата на Курдистанска работничка партија (ПКК) во Стокхолм против претседателот Таип Ердоган.

На 18 мај 2022 година, во позадина на настаните во Украина, Финска и Шведска поднесоа барања до генералниот секретар на НАТО за пристапување во алијансата. До денес, апликациите на Шведска и Финска за НАТО не се ратификувани од само две од 30 те земји членки на НАТО – Унгарија и Турција.

Поврзани новости