Ердоган: Ниедна империјална сила не може да го спречи успехот на Турција

by Фокус

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави успех и победа на Турција што, како што рече, ниту една империјална сила нема да може да ја спречи.

Иако некои политички противници го критикуваат дека сака да го избрише наследството на Мустафа Кемал Ататурк, Ердоган рече дека ја цени „секоја фаза од славното минато“.

-Нашата Република е безбедна и во добри раце, како никогаш досега. Нека живее во мир – рече Ердоган пред мавзолејот на Ататурк во Анкара.

Тој додаде дека неговата „цврста позиција“ за заштита на Палестинците е во согласност со желбите на Ататурк.

-Денес Република Турција е заштитник на оние кои немаат никој друг во светот, како што сакаше Ататурк. Ние се обидуваме да му помогнеме на народот во Газа со заземање цврст став кон Палестинците и кон Газа – тој рече.

Поврзани новости