Ердоган: Нетанјаху го запиша своето име во историјата како „касапот на Газа“

by Fokus

„Нетанјаху, кој го изврши едно од најголемите злосторства во Газа во последните 100 години, веќе влезе во историјата како „касап на Газа“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, обраќајќи се на редовниот состанок на парламентарците во име на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) во Анкара.

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави во вторник дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го запишал своето име во историјата како „касап на Газа“, пренесува Anadolu.

„Нетанјаху, кој го изврши едно од најголемите злосторства во Газа во последните 100 години, веќе влезе во историјата како „касап на Газа““, рече Ердоган, обраќајќи се на редовниот состанок на парламентарците во име на Партијата на правдата и развојот во Анкара.

„Турција ќе ги интензивира дипломатските напори за ослободување на заложниците и воспоставување траен прекин на огнот во Газа“, додаде Ердоган.

Тој, исто така, рече дека неодамнешните изјави на владата на Нетанјаху ги намалуваат надежите дека сегашната хуманитарна пауза во Појасот Газа ќе се претвори во траен прекин на огнот.

Во врска со турската хуманитарна помош за Газа, Ердоган рече дека во текот на денот ќе исплови втор хуманитарен брод со 1.500 тони хуманитарна помош.

Поврзани новости