560
Турција го повтори својот став дека се противи на приемот на Финска и Шведска во НАТО откако двете земји потврдија дека ќе аплицираат за членство.
Без поддршката од сите членки, Финска и Шведска не можат да ѝ се придружат на западната воена алијанса.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им порача на двете скандинавски земји да не испраќаат џабе своја делегација во Турција во обид да ја премислат. Тој им замерува што ги поддржуваат курдските милитанти.
Владимир Путин, пак, кажа дека влегувањето на Финска и Шведска во НАТО не претставува директна закана за Русија, но предупреди дека Москва ќе одговори на секое проширување на воената инфраструктура.
Ердоган ги опиша Шведска и Финска како мрестилиште за терористички организации.