Ердоган рече дека Турција ќе ги продолжи разговорите со Шведска за прашања поврзани со тероризмот и дека кандидатурата на Шведска за членство во НАТО директно ќе зависи од преземените мерки.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција ќе го започне процесот на ратификација на кандидатурата на Финска за членство во НАТО во парламентот, бидејќи скандинавската земја презеде конкретни чекори за исполнување на своите ветувања.
На прес-конференцијата со својот фински колега, Ердоган рече дека Турција ќе ги продолжи разговорите со Шведска за прашања поврзани со тероризмот и дека кандидатурата на Шведска за членство во НАТО директно ќе зависи од преземените мерки, пренесе Ројтерс.
Финскиот претседател Саули Ниинисто денеска го поздрави планот на Турција за започнување на процесот за ратификација на членството на Финска во НАТО.
„Претходно разбравме дека ја донесовте вашата одлука и дека денешното потпишување потврдува дека турскиот парламент почнува да работи на ратификација на членството на Финска“, рече Ниинисто на заедничката прес-конференција со Ердоган.
„Тоа секако е многу важно за цела Финска“, рече финскиот претседател.
Шведска и Финска официјално поднесоа барање за влез во НАТО во мај минатата година, напуштајќи ја децениската воена неутралност, по рускиот напад врз Украина.
Сепак, Турција изрази приговори, обвинувајќи ги двете држави дека толерираат, па дури и ги поддржуваат терористичките организации, вклучително и курдската ПКК и ФЕТО, групата за која Анадолија вели дека стои зад обидот за пуч во јули 2016 година во Турција.